Вработен земал поткуп во клиничката болница во Битола – МЗ

t

Министерството за здравство најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем.

Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури.

Реакцијата на Министерството е брза, принципиелна и недвосмислена, ставена во насока на заштитата на достоинството на пациентите и интегритетот на медицинските лица од јавното здравство.

Граѓаните имаат право на фер и достоинствен третман. Министерството не толерира корупција и ќе ги санкционира сите прекршоци за да ја зачува довербата во здравствениот систем.

Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката „Пријави неправилности“, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот…

Министерството за образование и наука ги отфрла…

Дизелот од полноќ ќе чини над 100…

Од полноќ, 8 септември, стапуваат на сила нови,…

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради…

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен…

Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…

Приливот на странски директни инвестиции во периодот…