Спортските обложувалници бараат Владата итно да го стопира Законот за игри на среќа
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија реагира на Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој Владата го усвои вчера, и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието.
Донесувањето на ваков закон по скратена постапка, без вклучување на засегнатите страни и без јавна расправа, велат претставува повторување на катастрофалниот пристап кој го имаше и претходната Влада.
Од Асоцијацијата предупредуваат дека преку ноќ 10.000 луѓе ќе останат без работа, а дополнителни 50.000 работни места ќе бидат во ризик. Затворањето на легалната индустрија ќе значи и силен удар врз пазарот на недвижности, каде повеќе од 800 објекти ќе останат празни, а сега се под закуп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…
Недоволна имунизација во Прилепско – опфатот далеку…
Прилепскиот регион се соочува со недоволен опфат…
Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…
Тело на младо лице било пронајдено во…
26 пожари низ Македонија, 5 се активни
На ден 07.09.2026 година, до 18:00 часот,…
Средба на претседателот Гаши со катарскиот министер…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска се…