Пет странски државјанки затекнати во локал покрај автопатот кон Тетово
СВР Тетово информира дека ноќеска во 03.50 часот во угостителски објект во градот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. Лишувањето од слобода следувало по спроведувањето на акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово.
Полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои 6 македонски државјанки и 5 државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект.
Странските државјанки биле приведени и здржани во полициска станица за понатамошна постапка поради злоупотреба на туристичкиот престој.
Во полициска станица бил задржан и Џ.М. и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…