Апасиев: Вашата разбојничка банда не може да има монопол на историското име ВМРО
На седница на Собранието, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, го образложи Предлог-законот за заштита на името ВМРО, поднесен од пратеничката група на Левица. Предлогот имаше за цел, како што истакна и Апасиев, да се спречи „злоупотребата на историското и револуционерно име ВМРО од страна на криминални партии“.
„Овој Предлог-закон е генерациски чекан“, рече Апасиев од собраниската говорница. „Затоа што една бизнис-партија и едно злосторничко здружение на кое му е замрзнат имотот веќе со години, се обидува патриотскиот менталитет и сентимент на народот да го злоупотреби и за тие четири свети букви ВМРО да пропагира бизнис-буржујски интереси.“
Тој подвлече дека патриотското крило всушност живее во левото крило на Организацијата“, нагласувајќи дека токму тоа крило било државотворно и понатаму е олицетворено во АСНОМ-ските идеали и продолжетоците на тие идеали – односно партијата Левица.
„Вие немате ниту морално, ниту историско право да го носите името ВМРО“, додаде Апасиев, „и затоа предлагаме со овој Предлог-закон да се забрани употребата на името ВМРО за политички партии. Дојдено е времето за идеолошка дистинкција помеѓу една криминална структура, корумпирана, и помеѓу светите букви ВМРО.“
Тој повика на пресекување на генерациската лага која, како што рече, целo време му се сервира на народот како пропатриотска, а во суштина е предавничка.
„Македонски народе! Не паѓајте на вакви новокомпонирани буржујски творевини. Следете ја идеологијата на левото крило на Организацијата, олицетворена во патриотската и промакедонска Левица!“ – порача на крај Апасиев.
За Предлог-законот не гласаа пратениците од ДПМНЕ, ДУИ, ВРЕДИ и ЗНАМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…