Не чекаат пеколни температури кои ќе достигнат до 44 степени целзиусови!
Македонија ја очекува уште еден екстремен топлотен бран во наредните седум дена, со температури кои на моменти ќе достигнат до рекордни 44°C. Сончевото и суво време ќе доминира, а освежување не се очекува ниту во ноќните часови.
На 18 јули (петок), времето ќе биде претежно сончево со минимална температура од 10°C и дневен максимум од 34°C.
Веќе во сабота (19 јули) ќе започне поинтензивно загревање, со утрински 14°C и дневни 37°C. Во недела (20 јули), топлината ќе се засили и термометрите ќе покажат до 40°C.
Најекстремните температури се предвидуваат за понеделник и четврток. На 21 јули (понеделник) и 24 јули (четврток) дневните температури ќе достигнат до 44°C, додека на 22 и 23 јули (вторник и среда) ќе се задржат околу 42–43°C.
Совет за граѓаните: Внимавајте на високите температури, особено во периодот од 11 до 17 часот. Пијте многу течности, избегнувајте физички напори на отворено и користете заштита од сонце.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…