(Видео) Тони Михајловски: Тоа во Кочани не беше само дискотека, туку во државата водена од кловнови, таму гореше македонскиот народ

t

Актерот Тони Михајловски, во емотивен и критички интониран настап во подкастот „Претрес со Ландов“, зборуваше за личното разочарување од македонската реалност, трагедијата во Кочани, одговорноста на неговата генерација и песимизмот за иднината на државата.

„Во 2021 година првпат ми дојде желба да ја напуштам Македонија – и тоа на 54 години“, изјави Михајловски, потенцирајќи дека чувството на беспомошност и апатија е резултат на континуираното владеење на, како што вели, „политички кловнови“ кои ја кроеле судбината на народот.

Тој трагедијата во Кочани, кога во пожар загинаа десетици млади луѓе, ја опиша како метафора за целосниот системски распад:

„Тоа не беше само дискотека – тоа беше државата што се запали. Импровизација, жртва на криминал, корупција, лукративни причини. Тоа беше македонскиот народ оставен да гори.“

Михајловски зборува и за општествената одмаздничка култура и недовербата во институциите:

„Ако живееш во држава преполна со одмазда, само е прашање на време кога ќе дојдеш на таргет. Без никаква причина, само затоа што си Кристијан Ландов и имаш успешен подкаст.“

Тој се наврати и на едно од своите постари јавни предупредувања:

„Многу ми е жал што бев во право кога напишав дека треба да си ги запалиме патиките. Половина од тие деца ако ме послушаа – можеби ќе беа живи.“

Во изјава што го носи на работ на политички и идентитетски песимизам, Михајловски вели:

„Не сум сигурен веќе дали ќе постоиме како држава. Ние веќе не постоиме. Државата не се вика исто, не можеш да кажеш дека си Македонец – си некој граѓанин на нешто.“

Во најжесток дел од интервјуто, Михајловски ја презема вината за ситуацијата во која се наоѓа државата:

„Јас сум крив за децата во Кочани. И ти си, и секој од нас – ние ги гласавме овие идиоти 30 години. Немојте да ни верувате на нас. Создајте свое мислење и на следните генерации дајте им мозок – само да не бидат како нас.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тони Михајловски: Тоа во Кочани не…

Актерот Тони Михајловски, во емотивен и критички…

На работ на глобален судир? Британскиот премиер…

Светот во неизвесност по шокантната најава од…

Со украдена пушка пукал кон деца и…

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот…

Апасиев за деталите од средбата на Мицкоски…

На средбата со РОДИТЕЛИТЕ на децата од…

Тошковски од адвокат на урбанистичката мафија прогресираше…

Изјавата на министерот за внатрешни работи Панче…