Многу биле заинтересирани за 24 илјади денари поради тоа Владата го продолжила рокот за ангажирање на 400 пожарникари

t

За една недела се продолжува рокот за ангажирање на 400 пожарникари, информираа денеска од Владата. Во соопштение испратено до медимите, се вели оти рокот се продолжува поради силниот интерес и позитивниот одзив на граѓаните, па затоа Владата одлучила да им се даде можност на што е можно поголем број заинтересирани да аплицираат.

„Особено имајќи предвид дека станува збор за значајна мерка која директно го засилува капацитетот на системот за заштита и спасување, особено во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари“,

велат од Владата.
Дополнително, се вели дека оваа мерка е системско и суштинско вложување во јавната безбедност и директно ќе одговори на долгогодишниот недостаток на вработени лица во противпожарните единици.

„Владата останува посветена на создавање функционален, брз и ефикасен систем за заштита, а ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста и да аплицираат. Повикот е отворен за сите квалификувани лица, а сите детали за аплицирањето се достапни на веб- страните на општините“,

велат оттаму.
Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов рече оти сите заинтересирани со нив треба да носат потврда, медицинска потврда од матичниот доктор, во којашто се потврдува дека не боледуваат од тешки болести, којшто би им пречеле во работењето на оваа исклучително одговорна задача и оти најдобрите кои ќе покажат интерес може да бидат примени како професионални пожарникари.

Државата ќе одвои 24 000 денари за секое лице кое ќе биде ангажирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу биле заинтересирани за 24 илјади денари…

За една недела се продолжува рокот за…

(Фото) Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна…

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски,…

Болницата „Козле“ се’ уште без вода –…

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника…

Нов договор со Велика Британија: Британскиот министер…

Ја зајакнуваме соработката со Македонија преку ново…

Турист почина на плажа во Охрид

Вчера во 14.25 часот во СВР Охрид…