Ревизор од ДЗР обвинет дека полагал тест за пристап до класифицирани информации со логови дадени од антикорупционерката Татјана Димитровска
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против тројца лица во рамки на проширената истрага за случајот „Адитив“, меѓу кои и ревизор од Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој е обвинет дека во август 2024 година полагал испит за класифицирани информации во име на тогашната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска.
Според обвинението, Димитровска преку службен телефон му испратила на ревизорот компјутерски податоци – логови за пристап на електронски систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Ревизорот потоа, користејќи службен електронски уред на ДЗР, пристапил од нејзината електронска адреса и во нејзино име го положил тестот.
Сертификатот за успешно завршување на курсот, издаден од страна на Дирекцијата, Димитровска го употребила како вистински документ, врз основа на кој ѝ бил издаден безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен „Државна тајна“.
На ревизорот му се предложени мерки на претпазливост – забрана за издавање и користење патни исправи и забрана за приближување и контакт со второобвинетата, односно Димитровска.
Истовремено, поранешната претседателка на ДКСК се товари и за кривично дело Одавање службена тајна, откако во периодот од мај до декември 2024 година ѝ откривала доверливи информации на неповикано лице обвинето во „Адитив“. Преку апликации како Viber и WhatsApp, таа му пренесувала информации за поведени постапки, службени белешки, предмети, одлуки и податоци за имотни состојби на обвинети лица во истиот предмет.
Обвинителството најави дека ќе побара спојување на новоотворените постапки со главниот предмет „Адитив“, во кој веќе се води истрага за повеќе лица осомничени за корупција, перење пари и злоупотреба на јавни набавки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…