Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата
Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата.
Тешко е за човек да се соземе од бес и гнев кога ќе го прочита сведоштвото на родителите на загинатите деца во трагедијата Кочани за нивната средба со премиерот и претставници на Владата.
Наместо да им пристапи на родителите со емпатија и сочувство, Мицкоски и неговата владина свита настапиле со невидена ароганција кон оние што изгубиле сѐ.
Мицкоски го покажа најсуровиот и најнечовечки лик на оваа власт. Наместо да покаже емпатија и разбирање за болката на родителите кои ги изгубија своите деца во најтрагичниот настан во поновата историја на државата, тој ги понижил со навредливи зборови кои никогаш не смеат да се изговорат на човек што изгубил дете.
„Одредете си цена за вашите деца“ – оваа реченица е нанесена рана врз целото општество. Моралот и човечноста на премиерот очигледно се изгубени некаде меѓу политичките интересите и неговите пресметки за рејтинзи.
СДСМ најостро го осудува ваквиот нечовечки однос кон семејствата на жртвите. Болката на овие луѓе не се мери со пари. Болката на овие луѓе е одговорност на сите нас како општество, а најмногу на оној што седи на чело на државата.
Мицкоски имаше можност да покаже дека е човек пред сè, но избрал да биде арогантен и ладнокрвен политичар. Избрал да им го скрши достоинството на луѓето што веќе ги изгубиле најдрагоцените нешта во животот.
Мицкоски е должен не само извинување, туку и одговорност за ваквото однесување. Ова не е прашање на политички поени, ова е прашање на минимум човечко достоинство кое тој го погазив.
Бараме премиерот веднаш да се извини на семејствата и конечно да покаже дека барем нешто од човечноста му останало. Ако не знае Мицкоски што значи да бидете премиер на сите граѓани, тогаш барем да научи да биде човек.
Одговор на новинарско прашање, Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмалку четворица загинати и 20 повредени во…
Израелската армија ја нападна и уништи болницата…
Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…
Осум одделни случаи со елементи на семејно…
Есенско заладување доаѓа во Македонија и на…
Полека но сигурно на летото и на…
Дрска измама: Лажел дека му требаат пари…
На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР…
(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во…
Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата…