Горан Минчев е избран за шеф на Централниот изборен штаб на ЗНАМ
На седница на Централниот одбор на ЗНАМ, за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори е избран генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација, Горан Минчев. Како што информираат од ЗНАМ, партијата вчера го формирала Централниот изборен штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори и шефовите на регионалните штабови во сите шест изборни единици.
„До крајот на јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа. На седницата на ЦО беа дискутирани активностите како увертира на подготовките за почетокот на изборната кампања, но и комплетирањето на кандидатските листи за советници во сите општини каде што Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има свои општински организации“, се наведува во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Димитриевски ја оспорува последната анкета, објави…
И Максим Димитриевски ја оспорува последната анкета…
Димитриевски демантира дека ЗНАМ се распаѓа
По најновите обвинувања од СДСМ, претседателот на…
„Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0“,…
Опозициската СДСМ преку соопштение денеска обвини дека…
ЗНАМ: Конгресот на СДСМ – политичко дежа…
Конгресот на СДСМ беше претставен како нов…
ЗНАМ: Реформите носат резултати, но националното достоинство…
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија оцени дека…