Поништена пресудата со која на мајката Невена и беше одземено детето
Врховниот суд го врати на повторно одлучување судскиот процес за предметот во кој на мајката Невена Спасеска ѝ беше одземено старателството врз малолетното дете и му беше доделено на таткото.
Со пресудата на Врховен суд се поништуваат пресудите на пониските судови од Охрид и Битола, поради нејасност, неразбирливост, недоволно образложени причини за решителните факти од кои се раководеле судовите при одлучувањето и нецелосно утврдена фактичка состојба.
Врховниот суд смета дека двата суда во Охрид и Битола не дале информации дали и мајката била повикана во Центарот за социјална работа во Охрид, каде всушност не беше никогаш повикана, а оттаму не се дадени битните околности за родителските капацитети на мајката туку само за оние на таткото. Стручниот тим на Центарот за социјални работи Охрид не ги ценел условите на мајката и возраста на детето како и неговата потреба од мајка на таа возраст.
Врховниот суд наведува дека судовите во Охрид и Битола не го ценеле мислењето на скопскиот Центар за социјални работи кој сметал дека детето треба да остане кај мајката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц по изборите во Саксонија-Анхалт: Длабоко сме…
Лидерот на ЦДУ и канцелар Фридрих Мерц…
Серафимовски: Потврдени се 64 жаришта на сипаници…
Во државата досега се потврдени 64 жаришта…
Српскиот патријарх Порфириј се обрати на погребот…
Денес, патријархот на Српската православна црква, Порфирије,…
Земјоделство бара од КЗК да испита дали…
Дали откупувачите на зеленчук и овошје имаат…
Обвинителството уверува дека има докази за „Државна…
Обвинителството ќе настојува преку доказите и сведоците…