Објавено на:

Загина мотоциклист на автопатот Табановце – Куманово

t

Мотоциклист од кумановското село Лопате, излета од коловозот на автопатот Табановце – Куманово и почина на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош – информираше полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција.

Увид извршила екипа на кумановската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…

Загина возач, автомобилот се запалил по удар…

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид…