КАКВА Е МЕХАНИЗАЦИЈАТА, ИМАШ ЛИ БРОЈКИ: Ново видео на Мицкоски и Николоски по патот кон Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски објавија ново видео во кое се возат по патот кон Охрид кој се гради, а во кое зборуваат за потегот Климештани – Охрид.
Николоски реферира дека се вклучени околу 1 100 -1 200 работници со над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери.
Како што наведува Мицкоски, активности се спроведуваат по целата траса на автопатот од кој минатата недела беа пуштени првите 20 километри.
„На потегот од Климештани до Охрид работат над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така во работата, има и специјализирани машини, особено за потпатниците. Во број на ангажирани работници, некаде околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот, ги градиме темелите на промените“, вели Николоски.
Според најавите, потегот од Климештани до Охрид се очекува да биде пуштен за сообраќај кон крајот на летото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството уверува дека има докази за „Државна…
Обвинителството ќе настојува преку доказите и сведоците…
Гаши: Младите треба да веруваат дека и…
Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод…
Влада: Македонија со една од најниските стапки…
Најновите податоци за август покажуваат продолжување на…
МВР ги засили контролите: Приведени 8 лица…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…
Лавров: Вистинската војна со Германија започнува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…