МВР во тајност подготвува нов систем за издавање на лични документи
Сериозни обвинувања од опозициската СДСМ упатени кон министерството за внатрешни работи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека во тајност се креира нов систем за издавање на лични карти и пасоши со спорна тендерска постапка која предвидува пристап до системот без бебедносен сертификат.
Од министерството за внатрешни работи демантираат дека е започнат таен процес за набавка на нов систем. Оттаму тврдат дека е целиот процес е транспарентен и без никакви пропусти, додека пак за обвинувањата за безбедносните сертификати од МВР известуваат дека предметната постапка е определена со степен на квалификација ИНТЕРНО.
МВР
,,Вистината е дека на јавна набавка е избран консултант кој треба да изработи физибилити студија врз база на потребите и согледувањата на Министерството за внатрешни работи, поточно што се треба да опфати еден таков систем и врз основа на податоци од моменталните трендови од светки водечки фирми кои изработуваат лични документи. Крајниот документ кој треба да го изработи е физибилити студија за оправданост од таков систем. Согласно член 47 од Законот за класифицирани информации, за користење на класифицирани информации означени со степенот „ИНТЕРНО“ не се врши безбедносна проверка и не се издава безбедносен сертификат. Физичкото или одговорното лице во правното лице се информира за обврската за заштита на класифицираните информации од ставот 1 на овој член што му се дадени на увид, односно ракување и за тоа потпишува изјава за правата и обврските” соопштуваат од МВР.
Инаку, последните најави за пормени на систем за издавање на лични документи беа во периодот кога сегашниот министер Панче Топковски беше технички министер во министерството за внатрешни работи. Системот беше промовиран како новина која ќе го реши хаосот и долгите редици пред шалтерите за вадење на лични комументи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во тајност подготвува нов систем за…
Сериозни обвинувања од опозициската СДСМ упатени кон…
Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но…
Ниту сум разрешен од директор на Националната…
Пукање на семејна веселба во Аеродром
Вчеравечер во 23.05 часот во Скопје на…
Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху моментно се опоравува…
Одобрено обвинението за фиктивни тендери и присвоени…
Кривичниот суд го одобри обвинението против поранешните…