Данела му оговори на Кирков: Најнова епизода на „дојди излажи нешто за Данела“ – Сепак гледа народ!
Има подкаст на извесен Бичиклиски каде во посебна неделна епизода на шоу “дојди излажи нешто за Данела”, минатата епизода извесен Латас КОЈ НЕ ГО ПОЗНАВАМ, во обид да дефокусира од криминаливе кои ги објавувам зборуваше за понуда од моја страна за борба против корупција во која би се рушел Мицкоски, која тој ја одбил. За лажењето си доби тужба.
Во најновата епизода “дојди излажи нешто за Данела” овој млад господин Кирков изјавува дека добил понуда, не од мене туку од скопски градоначалник кој не го именува, да станел директор на ЗОО Скопје со 70.000 плата, со услов да се дистанцирал од ВМРО што тој го одбил. Не знам зошто мисли дека некој ќе му поверува во приказниве на кои ни сам не си верува.
Плус збори за хонорар од Комунална хигиена на син на пратеник во износ од 700.000 денари (ДОБРА СУМА БРЕЈЈЈ), ШТО Е СМЕШНА ЛАГА на која мислел ќе се запали раја да реагира, а сѐ со цел некако да се обиде да ме девалвира.
Директорот на КХС уште пред некој месец кога почнаа нападите од Висар Ганиу и неговата банда со обид за дефокус од криминалот со дивоградбите, јавно објави нотарски заверена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност дека на такво лице нема исплатено ниту 1 денар и ги повика надлежните институции да потврдат.
Кирков, никако не ми е јасно што ви е со фетишов да браните криминал. Уште повеќе не ми е јасно зошто мислите дека со вакви удари ќе ме одвратите. Јас од една страна, сите вие против мене?! Жал ми е што сте на погрешната страна, се надевам Висар Ганиу и командантите ви се благодарни. Сепак гледа народ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данела му оговори на Кирков: Најнова епизода…
Има подкаст на извесен Бичиклиски каде во…
(Видео) Шокантна сторија на Си-Ен-Ен: Девојка тврди…
Поранешна манекенка и поранешна девојка на осудениот…
(Видео) Еве како се станува држава: Еди…
Според работниот план, само во Тирана, ослободената…
Средба Путин–Трамп е „неизбежна“, но сè уште…
Лична средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин…
Мафијашки терор ја тресе Црна Гора: Милатовиќ…
Црна Гора се соочува со драматичен безбедносен…