СДСМ: Театарот на Мицкоски за внатрешни непријатели е обид да се скрие вистината за бугарските пасоши
Во целосен очај и паника е ВМРО-ДПМНЕ откако се обелодени скандалот дека Мицкоски имал бугарска самосвест и барал да извади бугарски пасош. Мицкоски се уште на ги демантира информациите за тоа дека барал бугарско државјанство, па наместо тоа во паника мора да ја обивнуваат СДСМ за да си го спасат рејтингот, велт од опозициската партија.
Според СДСМ, кампањата на ДПМНЕ преполна со лаги, навреди и барање внатрешни непријатели е одамна прочитана книга.
„Излитена плоча која веќе никој не ја слуша. Но граѓаните ја знаат вистината. И таа вистина е дека овој театар со „патриоти и предавници“ служи само за едно – да се сокрие епскиот неуспех на власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Служи за да се скрие фактот дека Мицкоски и пола од неговата Влада имаат бугарска самосвест. За повеќе од една година оваа власт нема ништо ама буквално ништо испорачано за подобар живот и иднина за граѓаните. Служи да се скријат сите скандали, длабоката партизација, нарушената безбедност и убиства, урнисан животен стандард, осиромашени земјоделци“. Ова, како што додаваат, е веќе многу пати видено сценарио во кое ВМРО-ДПМНЕ фатени во врвот на сопственото лицемерие и антимакедонизам креираат атмосфера на поделби. „Им порачуваме само едно, граѓаните овој филм го имаат гледано многу пати. Граѓаните ви ја препознаваат лажната грижа, лажниот патриотизам, ви ја читаат пропагндата и мизерните поделби. Знаат дека тоа е пат кон пропаст, пат кон трајно уништување на макеоднското национално ткиво. Тоа што го правите е вистинско национално самоубиство со единствена цел да го скриете својот катастрофален неуспех на секое поле“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Вистинската војна со Германија започнува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Српската академска заедница бара Фон дер Лајен…
Членовите на Академската заедница на Србија денеска…
Груби и Димовски не се чувствуваат виновни…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби кој од…
Шест активни пожари и девет под контрола…
На ден 07.09.2026 година, до 13:00 часот,…
Од среда нестабилно време со пороен дожд,…
Во среда и четврток претпладне времето ќе…