(Видео) Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се фати на оро со Македонците во Овчарани, Грција

t

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Жаклина Пешевска, на социјалните мрежи објави снимки и фотографии од традиционалната веселба на Македонците за Илинден (22 јули според грегоријанскиот календар кој го следи Грчката црква) во селото Овчарани (Мелити) кај Лерин во Грција.

„Овчарани – Егејска Македонија! Бев таму. Помеѓу тие планини, во селото Овчарани место каде срцето чука со вековна сила. Иако одвоени со граница, душата на македонскиот народ таму е неделива, горда и жива. За Свети Илија, селото блескаше од живот. Луѓето отворени, со светлина во очите и песна во срцето не само што ме пречекаа како своја, туку ми покажаа што значи да се живее со љубов кон своето. Македонската музика се слушаше до доцна во ноќта, ората се играа со жар и трепет, а секое движење раскажуваше приказна од дамнина. Гласовите им вибрираа со емоција, со спомен, со идентитет. Во секој здив на тој народ се чувствува нешто свето вековната борба да се сочува македонското. Во јазикот што се шепоти и пее, во погледот на старите што сè уште ги паметат заборавените песни, и во насмевките на децата што ги учат истите ора, се раѓа надежта дека нема да згасне светлината“, напиша Пешевска меѓу другото во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради…

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен…

Странските инвестиции во Македонија зголемени за 86…

Приливот на странски директни инвестиции во периодот…

19-годишна девојка загина откако со автомобил излетала…

19-годишна девојка од селото Црнилиште загина во…