Гаши е во болница поради преплет на цревата, потврди директорот на Дигестивна хирургија
Претседателот на Собранието Африм Гаши, е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија поради преплет на цревата, потврди за „Слободен печат“ директорот на Клиниката, професор доктор Огнен Костовски. Докторот ни рече дека според она кое е евидентно досега, состојбата на Гаши најверојатно ќе може да се реши без операција, иако е примен со преплет на цревата.
-Примен е на нашата клиника и се лекува конзервативно. Ја следиме состојбата и досега немаме одлука за операција. Се работи за преплет црева, но личи на нешто што може да се реши конзервативно, изјави за „Слободен печат“ професор доктор Костовски.
Гаши бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија синоќа со болки во стомакот.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши е во болница поради преплет на…
Претседателот на Собранието Африм Гаши, е хоспитализиран…
(Видео) Се избрукавме пред цел свет: Спортистка…
Млада спортистка од Шпанија, која престојува во…
ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА…
Ја известуваме јавноста дека пратеникот на Левица,…
(Видео) Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ се фати на…
Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ…
Муцунски – Герапетритис: Главна тема на средба…
Посетата на шефот на македонската дипломатија Тимчо…