Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот
Полициски службеници од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, лишен од слобода маж поради сомнение за посредување на проституција
Полициски службеници од СВР Тетово спасија млада девојка која сакала да скокне од прозорец на мотел во Тетово и да си го одземе животот.
Денес, во 14.35 по претходна пријава од Л.К., дека по недоразбирање со женско лице кое не сака да го напушти мотелот, од страна на полициските службеници од СВР Тетово на лице место било констатирано дека женско лице стоело на работ на прозорот од собата на хотелот со закана дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката. По наредба на јавен обвинител полициските службеници насилно ја отвориле вратата на собата и ја спречиле девојката во својата намера.
Таа е пренесеа во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош. Во меѓувреме полицијата го лишила од слобода Л.К. под сомнение за посредување на проституција. Во акцијата еден полициски службеник е полесно повреден.
По завршување на истрагата, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…
Возач на „мерцедес“ со германски регистрации прегази…
МВР информира дека вчера попладне во 16:50…