Објавено на:

Апел од граѓани на Кочани за „нелегален, нерегистриран објект кој организира журки“ – МВР не констатирало прекршоци

t

На социјалните мрежи се шири Апел од граѓани на Кочани, во врска со објект кој тие го посочуваат во нивниот апел, а кој објект според нив организира забави кои ги вознемируваат граѓаните.

Во продолжение нивниот апел:

АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ И НИВНИТЕ МАЛОЛЕТНИ И ПОЛНОЛЕТНИ ДЕЦА
Во белското маало од кај ридот Лукобија се наоѓа наречена Вила .. меѓу куќи за индивидуално домување, која е објект на нерегистрирано( нелегално) издавање на базент со поткровје за разни видови комерцијални забави како родендени,матурски, дневно користење од страна на претежно малолетни лица за кои се закупува просторот од нивните родители со носење меѓу другото и алкохол, петарди,цигари, огномети, бучна музика до раните утрински часови и недолично однесување со урлање, пијанчење, турирање мотори и коли и други инциденти како резултат на предозираност од алкохол загрозувајќи си го сопствениот живот и мирот на соседите, па и имотите.
Сведоци сме на многу недозволиви настани кои почнуваат фино, а завршуваат недолично во последните 3 години. Посебно сме шокирани од дел од родителите кои се пречкаат со соседите и самите вршат достава на алкохол за забавите со малолетници. А родителите кои не дозволуват, се доставува алкохол од страна на дилерот на објектот во договор со децата.
Повеќе десетици, ако не и сто пријави се направени што лично, што преку бројот за итни повици, петиции за ваквото девијантно однесување, нарушен мир, нелегално комерцијално издавање на објект, бучна музика… Дежурните служби при МВР само ќе се појават, без да се изрече било каква казна или да се состави записник за прекршокот. Ниту за сопственичката, ниту за учесниците во овие забави со секакви инциденти не се превзема ништо. Им се дозволува да си продолжат.
Загрижени сме како се уништува младината, често несвесна за последиците ,препуштена сама на себе и од дел од родителите , и од општеството и од институциите.
Загрижени сме и за отпушоците од цигари, огномети и петарди кои завршуват во соседните дворови, односно нашите имоти и ридот Лукобија кој е веднаш до самите куќи обраснат со сува трева , грмушки и зимзелени стебла – се лесно запаливо. Не би сакале да ни се случи и вам и нам повторно “ПУЛС”.
РОДИТЕЛИ!
АПЕЛИРАМЕ до вас да обратите посебно внимание во кој правец ви се движат децата. Тие барат вакви места каде ќе се слободни, без контрола и ќе прават што сакат. Тоа е типично за нивната возраст, но не и за вашата. Вашите деца не се надгледувани како што ви кажуват кога го закупувате просторот. Не се во никаква урбана средина, туку нелегална со дотур на алкохол и што уште не. Се е документирано со видео, аудио записи, фотографии.
Избегната е трагедија на последната роденденска забава, благодарение на нас. Уште во првите два часа малолетниците веке беа алкохолизирани, со дотур на алкохол за кој не знаеше родителот, такви скокаа од терасата на поткровјето во базенот, при што ризикувајќи си го животот. (Вода која е неиспитана и неодржувана редовно). Излегуваа децата на улицата со офкање од предозираност од алкохол, наоколу повраќајќи. 10-15 деца вратија 4 гајби алкохол пиво на дилерот. Им останаа 4 часа до полноќ неискористени бидејќи им беше јавено на родителите и ги повлекоа.
Ова е наше прво јавно ФИНО огласување во јавноста со АПЕЛ до родителите, институциите, МВР и до младите да не си барат нов ПУЛС. Доколку не наиде на разбирање и превземање на соосдветни мерки од споменатите, нема да се откажеме и дозволиме криминални дејства од исти такви луѓе, напротив ќе одиме со по радикални мерќи со обелоденување на сите учесници во овие нелегални девијантни појави.
Група граѓани од белско маало до ридот Лукобија.

Инфомакс го контактираше Министерството за внатрешни работи од каде потврдија дека пријави од страна на соседите имало, но при контролите не е констатирано прекршување.

– Ве информираме дека во изминатиот период од два месеци во ОВР Кочани пријавени се четири поплаки за гласна музика од објекти кои се лоцирани во подрачјето наведено во вашето прашање.

Од страна на полициски службеници од ОВР Кочани постапено е по сите четири поплаки, но не е констатирана гласна музика.

Во наредниот период ќе се вршат дополнителни контроли со цел проверки на наодите наведени во вашето прашање. – велат од МВР за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел од граѓани на Кочани за „нелегален,…

На социјалните мрежи се шири Апел од…

Tројца се хоспитализирани поради вдишување чад во…

Во пожарот што денеска попладне избувна на…

(Видео) ГОРИ КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

Гори куќа во центарот на Кочани, објави…

Градоначалникот на Кочани им се извини на…

Откако на маршот за ангелите во Кочани,…

Семејствата на загинатите во Кочани бараат од…

Семејствата на загинатите во Кочани бараат од…