Александар Николоски да се јави на главна каса: Албанија го отвора последното поглавје од преговорите за членство во ЕУ

t

„Албанија не запира“, со овие зборови реагираше премиерот Еди Рама по одлуката на амбасадорите на 27-те земји од Европската Унија да се отвори последното преговарачко поглавје со Албанија, која ги вклучува земјоделството и кохезијата, јавува Газета експрес.

Рама потврди дека данското претседателство со ЕУ добило овластување да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција во врска со последните поглавја.

„Денес, 23 јули 2025 година, по континуираниот и динамичен напредок на Албанија на патот на пристапните преговори со Европската Унија, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на Европската Унија го овласти данското претседателство да ја покани Албанија да ја презентира својата преговарачка позиција за преговорите за поглавјата што ја сочинуваат Групата поглавја 5 „Ресурси, земјоделство и кохезија“, пишува Рама.

Се очекува шестата меѓувладина конференција да се одржи на почетокот на септември, со што ќе се означи последниот официјален чекор за отворање на сите поглавја со цел полноправно членство на Албанија во 2030 година. Премиерот Рама честопати изјавуваше дека има за цел да ги заврши преговорите до 2027 година и полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Министерот за транспорт и врски, осврнувајќи се на интегративниот процес на земјава во ЕУ, рече дека тој е првиот што изјавил дека Северна Македонија ќе и се придружи на Албанија во пакет на патот кон ЕУ.

Воедно, Николоски рече дека е убеден оти Албанија никогаш нема да стане полноправна членка на Унијата, не поради Албанија, туку поради ЕУ. Ова го изјави Николоски на 20 септември 2024 година.

„Првично реков дека ќе ги обединат Македонија и Албанија врз основа на договор меѓу Бујар Османи и тогашното МНР на Албанија. Тогаш никој не веруваше, дури и владата испрати известувања дека тоа е научна фантастика. Таа научна фантастика стана вистина и се приклучивме на Албанија“.

„Сега изјавувам дека Албанија никогаш нема да стане членка на ЕУ. Не поради Албанија, туку поради позициите на Европската Унија“, рече Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алармантни бројки: Осум случаи на семејно насилство…

Осум одделни случаи со елементи на семејно…

Есенско заладување доаѓа во Македонија и на…

Полека но сигурно на летото и на…

Дрска измама: Лажел дека му требаат пари…

На 05.09.2026 во 18:00 часот во СВР…

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во…

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата…

Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…

Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…