ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град

t

ВМРО – Народна партија ги информираше сите членови, симпатизери и граѓани на Тетово дека на претстојните Локални избори 2025, партијата ќе настапи самостојно со сопствена советничка листа, како и со кандидат за градоначалник на Општина Тетово.

Од партијата соопштија дека ќе понудат кандидат со обединувачки капацитет, кој има визија за модерно Тетово.

-Во оваа прилика им порачуваме на сите Македонци и на останатите граѓани на Тетово дека во ВМРО Народна партија секогаш ќе имаат партнер од доверба, кој никогаш нема да ги изневери интересите на македонскиот народ во овој дел од Македонија. Истовремено упатуваме порака и до градоначалникот Билал Касами: Тетово секогаш бил и во иднина ќе биде македонски град. Во претстојниот период, по распишување на Изборите, ВМРО Народна партија ќе направи свечена промоција на кандидатите за советници и на кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, за што благовремено ќе бидете известени – соопштија од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-НП до Касами: Тетово секогаш бил и…

ВМРО – Народна партија ги информираше сите…

Трогателно писмо од мајка до ќерката Ивона,…

„Ќерко моја, Ивона, ќе ти пишувам, иако…

Прекината потрагата по 16 годишното дете во…

-Во моментов Дежурниот оперативен центар на ЦУК…

Скандал во германскиот парламент: откриен нацистички симбол…

Во парламентот на германската сојузна покраина Баден-Виртемберг…

За интерпелацијата на Коцевски ќе се расправа…

За интерпелацијата за работата на јавниот обвинител…