Нуркачки екипи на полицијата и армијата во потрага по 16-годишното девојче
Сè уште трае потрагата по 16-годишното девојче што се капело во водите на реката Вардар, а било однесено од виорот на дивите води. Нуркачки екипи на полицијата и армијата се мобилизирани во потрагата по исчезнатото девојче, која заедно со 29-годишна пријателка од Скопје во близината на село Уланци се разладувале во Вардар.
Специјалците со нуркачката опрема со чамци се упатија кон подалечниот тек на реката ги преминаа брзаците за да истражуваат каде може да го пронајдат девојчето. На местото коешто го пребаруваа полициските и армиските екипи, блиските роднини и пријатели на девојчето грижливо ги очекуваа вестите за исчезнатото девојче. Надежта кај нив сè уште постои дека жива и здрава ќе биде малолетната девојка.
Од МВР официјално потврдија дека уште од вчера околу 16.30 часот во СВР Велес е пријавено дека 29-годишна девојка од Скопје и 16-годишно девојче од с. Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката. Нејзината пријателка неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.
Веднаш по пријавата, специјалните единици, нуркачите и припадниците на АРМ започнаа потрага за пронаоѓање на девојчето коешто траело до вечерните часови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Водата за пиење во Скопје е безбедна…
Македонија го почнува првото генетско пребројување на…
Со почетокот на новата учебна година стартуваше…
Детали за убиството во Скопје: Двајца дошле…
Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон група…
Франција реагира по историскиот резултат на АфД:…
Францускиот министер за Европа Бенжамен Адад денеска…
Севернокорејската морнарица доби нов разурнувач, Ким вели…
Севернокорејската морнарица вчера стави во служба нов…