Миа откри детали за состојбата на Панчо по трагедијата во Кочани: Физички е подобар, но психички сè уште се работи со него!
Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка Миа Костова, во своето гостување во емисијата „Претрес со Ландов“, зборуваше отворено за здравствената состојба на музичарот и продуцент Владимир Блажев – Панчо, кој сè уште се наоѓа на болничко лекување во клиничката болница „Аџибадем Систина“.
„Имам информација дека е многу подобар физички. Како и за сите повредени во трагедијата во Кочани, и за него ќе биде потребно многу време за да заздрават изгорениците, особено на рацете. На едната рака закрепнувањето оди побавно. Психички сè уште се работи со него. Голем тим од психолози и психијатри се ангажирани и верувам дека наскоро ќе го очекуваме да излезе од болница“, изјави Костова.
Таа откри и дека Панчо бил во кома и дека за загубата на неговиот пријател Андреј дознал дури неколку дена по несреќата.
„Долго време не беше ни свесен, беше во кома. И самото соопштување за загинатите не оди лесно, тоа не е како да му кажеш некоја обична вест. Му треба време на човек да го прифати тоа. Лично не сум го слушнала досега, иако се знаеме повеќе од 25 години“, додаде таа.
Костова се потсети и на соработките со Панчо од раните 2000-ти.
„Работевме заедно на повеќе проекти, на спортски настани, а потоа и за Бекстејџ. Имавме одличен контакт уште од времето кога се дружевме по дискотеки“, рече таа.
Во интервјуто Миа спомена и дека заедно со Андреј учеле во истото училиште – Музичко-балетскиот училишен центар.
„Тоа беше нашето училиште – музичко, балетско. Таму се формираа многу пријателства“, заврши таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…