(Фото) Еве како изгледа планина Готен вечерва: Граѓаните се вознемирени и исплашени

t

Два хеликоптери на МВР и седум специјални возила пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со три хермелини и други возила денеска ги бранат селата во подножјето на планината Готен, помеѓу Радовиш, Берово и Василево од пожарот што веќе неколку денови беснее во овој регион.

Вака во моментов изгледа најтешкиот и најголемиот пожар во Македонија, а граѓаните со право се вознемирени и исплашени.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, ова е во моментот најтешкиот пожар, што е во близина и може да се доближи до населените места, во зависност од насоката на ветерот. Ангелов, денека на прес-конференција информираше дека на терен во регионот се 40 припадници на Армијата, кои заедно со локалните пожарникари и доброволци се обидуваат пожарот да го стават под контрола.

„Селата во околината се рамнински, уредени и имаат жители, заради што не треба да е голема опасноста од пожарот. Сепак, апелираме да исчистат околу своите куќи, да изораат обрачи од десетина метри и да расчистат сува вегетација, особено оние кои живеат на кајот на селото“, рече Ангелов и апелираше да не се крева паника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…

АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…

(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…

Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…

ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…

Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…

ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…

Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…