Голем пожар кај Катланово

t

Во моментов се случува огромен пожар кај бензинската на Окта после тунелот Катланово во правец кон Скопје.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, вели дека пожарот не претставува опаснсот за ниту едно населено место, ниту пак за бензиската пумпа во непосредна близина.

Тој потенцира дека рано изутрина кон справување со пожарот ќе бидат упатени повеќе сили меѓу кои и воздушна поддршка.

„Пожарот кој што изби помеѓу Катланово и Петровец во близина на безинската пумпа е делумно локализиран, односно е пресечен и не претставува опасност за блиската бензинска пумпа. Се движи кон село Чифлик, а на негово ставање под контрола работат скопските пожарникари. Рано наутро ќе се упати и ер-трактор, а ќе упатиме и неколку возила. Се работи за непријатен пожар кој се наоѓа на непристапно место, но верувам дека утре пожарникарите ќе го стават под целосна контрола. Видлив е од автопатот и предизвикува вознемиреност, но граѓаните да не се плашат бидејќи не може да ја зафати бензинската пумпа“, изјави Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар кај Катланово

Во моментов се случува огромен пожар кај…

Oпштина Bелес со пари од ЕУ купи…

Преку проектот „Паметни решенија – Велес продолжуваме“,…

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат…

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на…

Се разгоре пожарот на Серта

Поладнево повторно се разгоре пожарот на планината…

(Фото) Еве како изгледа планина Готен вечерва:…

Два хеликоптери на МВР и седум специјални…