Како на филм: Косовски државјани приведени откако дивееле на автопатот од Градско кон Скопје со мигранти од Кина
Двајца косовски државјани се приведени откако синоќа, на автопатот од Градско кон Скопје, со возило пренесувале осум мигранти од Кина и се обиделе да избегаат од полицијата. Потерата завршила со сообраќајки, оштетена инфраструктура и физички напад врз полицаец, по што осомничените биле совладани и приведени.
– На 31.07.2025 околу 22.30 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Г.Л.(24) и Б.Л.(18), двајцата од Косово, затоа што во возилото „фолксваген кеди“ со косовски национални ознаки, кое го управувал Г.Л., а совозач бил Б.Л., биле пронајдени осум лица мигранти од Народна Република Кина. Имено, околу 21.40 часот возилото било забележано како се движи на автопатот од Градско кон Скопје, не застанало на даден знак за запирање и продолжило со движење – се вели во соопштението од МВР.
Додека бегал од полициските патроли, возачот со возилото ја оштетил наплатната станица Градско, во Катланово, во движење удрил во возило „опел инсигниа“ со странски регистарски ознаки, а направил штета и над мотоцикл со македонски регистарски ознаки.
Потоа ја оштетил и рампата на наплатната станица Петровец. Откако продолжил со движење, кај клучка Приштина на обиколница Скопје возачот изгубил контрола и со возилото излетал од патот, по што и физички нападнал полициски службеник во обид да избега, но бил совладан и лишен од слобода.
При преземање мерки за запирање на возилото, полициски службеници испукале предупредувачки куршуми, при што никој не бил повреден. Лицата биле задржани во полициска станица, а мигрантите биле сместени во транзитен центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како на филм: Косовски државјани приведени откако…
Двајца косовски државјани се приведени откако синоќа,…
Мигранти се коцкале, наместо да ги користат…
Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство…
Шест лица се лишени од слобода за…
На 13.07.2025 Одделот за сузбивање на организиран…
Грција нема да дозволи отворање на нова…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека мигрантската…
(Фото) Мигранти пронајдени во камион на бензинска…
Шест мигранти денеска се пронајдени во паркирано…