Обид за убиство во Струга – со нож го избодел по стомакот, рацете и вратот
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид), како и Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.
На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил БМВ Х6 го попречил патот на Фолксваген голф 7 во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото.
Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…
Проширувањето на Европската Унија претставува една од…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…