Осомничен за трговија со дрога ја искинал наредбата за претрес во неговиот дом
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во исто време, тој е осомничен и за – Одземање или уништување службен печат или спис од член 390 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, во својот дом во Гевгелија, неовластено заради продажба држел 26,42 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата и повеќе други предмети со траги од кокаин биле пронајдени на 1 август, при претрес во неговата јакна закачена во ходникот од семејната куќа.
При претресот, полициските службеници на осомничениот му ја предале и прочитале издадената наредба за претрес од судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија. Наредбата примена во МВР и со службен печат на МВР, тој ја зел и ја искинал пред службените лица и на тој начин оштетил спис кој припаѓа на државен орган, односно наредба издадена од Основен суд Гевгелија и примена од МВР ОВР Гевгелија.
Бидејќи постојат законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Живеат во страв за својот живот, маж…
Девојка од Куманово, на својот Инстаграм профил,…
ОЈО бара забрана за предавање за професорката…
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за…
Осомничените за милионскиот криминал во Лотарија не…
ОЈО проверува дали воопшто има кривично дело,…
ОЈО: Сите осомничени во предметот за ФФМ…
Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран…