Државната матура со просек 3,69
Државната матура со подобрен успех од лани, експерите скептични – образованието е во криза.
Министерката за образование Јаневска, денеска се пофали дека просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69, за разлика од минатата година кога просечна оценка била 3.26. Јаневска порача и дека годинава немало голем број препишувања, односно биле регистрирани 172 матуранти – препишувачи, кои ќе имаат право да полагаат во августовскиот испитен рок, а додаде дека биле поднесени вкупно 507 приговори по сите предмети.
За директорката на Државниот испитен центар, пак – подобрениот успех не се должел на полесни прашања, туку на поподготвени ученици.
А експертите скептични. Велат дека бројките во изминатите години осцилираат – просечната оценка 3.69 не отскокнува многу од изминатите години и дека во 2022та имало дури и повисока просечна оценка од годинешната. Порачуваат дека образованието е во тешка криза каде треба да се работи сериозно и аналитички.
Ѓорѓи Илиевски поранешен просветен инспектор – Во 2023 та е 3.65, што значи слично со ова сега што имаме, а се кажува дека е многу подобрена. Во 2022та е 3.78, значи уште подобро од тоа сега што е. И во 2021ва е 3.61. Што значи – имаме осцилации. Во што е подобро, кога и претходните години имаше доста отстапувања од доста препишувања – вибер препишувања. Што значи нашето образование се наоѓа во една тешка криза. Во криза каде треба да се работи длабински сериозно и аналитички.
На полагање во јунскиот рок биле 15 004 матуранти – од сите видови образование и на сите наставни јазици. Околу 3 проценти не дошле на испитите.
Инаку државната матура се спроведува од 2007 година, во јунска и во августовска испитна сесија. Не беше организирана учебната 2019/2020 година поради Ковид-пандемијата.
Со донесените измени на Законот за средно образование, пак, од следната учебна година ќе се примени нов концепт на државна матура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…