Индонезија ќе лекува повредени Палестинци од Газа
Индонезија ќе го претвори медицинскиот центар на моментално ненаселениот остров Галанг во болница за нега на околу 2.000 ранети жители на Газа, кои по опоравувањето ќе се вратат во својата земја, соопшти денеска Хасан Насби, портпарол на индонезискиот претседател.
„Индонезија ќе им обезбеди медицинска помош на околу 2.000 жители на Газа кои станаа жртви на војната, на оние кои се ранети и закопани под урнатините“, изјави Насби за новинарите и нагласи дека ова не е евакуација, туку хуманитарна помош.
Како што изјави тој, медицинскиот комплекс на островот Галанг, кој се наоѓа јужно од Сингапур и покрај брегот на индонезискиот остров Суматра, ќе биде реконструиран за привремено згрижување на ранетите од Газа и нивните семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Индонезија ќе лекува повредени Палестинци од Газа
Индонезија ќе го претвори медицинскиот центар на…
Потпретседателката на Европската комисија оцени дека израелските…
Потпретседателката на Европската комисија, Тереза Рибера, оцени…
Трамп без јасен став за анексијата на…
Американскиот претседател Доналд Трамп избегна директно да…
Камион со храна се преврте во Газа…
Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…
Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа,…
Пред претстојниот состанок на Советот за национална…