Зголемена фреквенција на ГП “Блато” кај Дебар, само вчера за минале над 7,4 илјади патници
Продолжува постојаниот раст на проток на патници на граничниот премин „Блато” на македонско – албанската граница, кај Дебар.
Според албанските гранични власти само во текот на вчерашниот ден регистрирани се 7.468 патници, што е најголема бројка евидентирана во едно деноноќие.
-Поради екот на туристичката сезона протокот на патници се зголемува секојдневно. По вчерашниот рекорден проток, денеска очекуваме уште поголем број на патници и возила, изјавиле од граничната полиција.
Додаваат дека и полициските и царинските работници ангажирани се со целосна подготвеност, за да гарантираат брза, гостопримлива и високоинтегритетна услуга за секој граѓанин и посетител што влегува на или излегува од албанска територија.
Преку овој премин, кој е на четири километри од градот Дебар, минатиот викенд, 2 и 3 август, според македонското МВР, минале вкупно 13 603 патници, од нив 4 562 македонски и 9 041 странски државјани.
Во првата половина од годинава забележана е историски рекордна фреквенција од отворањето на преминот во 1992 година. Така, за шест месеци минале 574.737 што е за 55 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година, кога се регистрирани 370.827 патници
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемена фреквенција на ГП “Блато” кај Дебар,…
Продолжува постојаниот раст на проток на патници…
Речиси цел Дебар утре шест часа ќе…
Поради планирани прекини утре шест часа без…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Нов шалтер отворен на граничниот премин „Блато“,…
На граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница,…
Албански државјанин се обидел да силува жена…
Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривична…