Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила
Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава. Во знак на сеќавање и благодарност, венци и цвеќе положија делегација на Владата предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводени од бригадниот генерал Орце Јордев, како и делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, претставници на Армијата и роднини на загинатите бранители.
На денешен ден пред 24 години, осум бранители од резервниот состав ги загубија животите при активирање на мина додека биле на пат кон месноста Љуботенски бачила. Загинатите се: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Исто така, денес се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој го загуби животот во 2000 година за време на вооружен напад врз полициска патрола во Арачиново.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…
Извршниот комитет на Движењето за силата на…
Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…
Татко од Крива Паланка бил насилен кон…