Пожарот во Челопеци делумно ставен под контрола, екипи остануваат на терен
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информира дека пожарот во селото Челопеци, Општина Кичево, е делумно ставен под контрола. Според него, огнот во делот кај складот е изгаснат, но пожарот кон шумскиот предел и понатаму е активен, зафаќајќи нискостеблеста шума.
Во вечерните часови, екипа од припадници на Армијата на Република Македонија ќе остане на терен како противпожарно дежурство.
За утре наутро е планирана засилена воздушна поддршка во гаснењето, со ангажирање на два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, два ЕР-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Армијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Десет активни пожари до 18 часот, сѐ…
На ден 11.08.2025 година, до 18:00 часот,…
Гори на југот на Италија: Пожар го…
Гори југот на Италија, пожарникари од цела…
Големи пожари во Албанија, се очекува помош…
Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу потврди…
Полициските хeликоптери во акција: Се фрла вода…
Полициските хеликоптери фрлија повеќе од 80 тони…
Пожар кај ресенското село Долно Дупени –…
Денеска попладнево изби пожар кај ресенското село…