Алијанса за Албанците: Во Собрание се потврди дека Влада нема легитимитет

t

Во Собранието, највисоката законодавна институција во земјата, позната и како „дом на граѓаните”, денеска и официјално беше потврдено она што го кажуваме веќе една година – оваа Влада нема етнички легитимитет, не ги претставува сите граѓани и сите етнички заедници, туку е моноетничка и се обидува да ги наруши и дискриминира другите, особено Албанците, соопшти АА на Зијадин Села.

-За време на гласањето за измените на Изборниот законик, предлогот на оваа Влада доби само 11 гласови од пратениците на немнозинските заедници, додека 18 гласаа против. Ова е уште една официјална потврда дека оваа Влада нема Бадентерово мнозинство и дека сака да функционира без еден од главните столбови на Охридскиот договор и важечкиот Устав – велат од Алијанса.

АА ги повикува албанските партии во Владата да го напуштат овој вазализам, правилно да ја прочитаат волјата на Албанците и да го прифатат фактот дека немаат потребен легитимитет да останат таму каде што се, потчинети и понижени секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците: Во Собрание се потврди…

Во Собранието, највисоката законодавна институција во земјата,…

Во Влада ќе се пие кафе за…

На веб-страницата за јавни набавки денес е…

Вучиќ: Нема промени во Владата, сите проруски…

Србија нема да ја промени својата политика.…

ДОМ: Револт и неверување – пратениците покажаа…

„Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт…

Собранието го усвои Ребалансот на Буџетот

Собранието денеска го усвои Предлогот за ребаланс…