Европскиот суд за човекови права ќе одлучува за струшката депонија
Европскиот суд за човекови права ќе одлучува за струшката депонија. Ова следува откако домашните судови се прогласија за ненадлежни по поднесената граѓанска тужба во 2021 година, против надлежните институции за негативните последици од депонијата, објави МРТ. Со апликацијата до Европскиот суд се бара да се утврди повреда на правото на пристап до суд и повторување на постапката.
-Доколку судот одлучи дека имало повреда на правото на пристап до суд, во тој случај, ваквата одлука од страна на Европскиот Суд за човекови права може да обиде основ за поведување на постапка, односно за повторување на постапката во којашто македонските судови се огласија за ненадлежни – вели Глигор Ќато, адвокат.
Адвокатите велат, судот во Стразбур ќе утврди дали македонските судови ја повредиле Европската конвенција за човекови права, чиј потписник е и земјава.
-Државните органи да ги сфатат или подобро да ги имплементираат своите обврски, а сето тоа да резултира на крајот со подобра заштита на човековите права и на крајот на денот и почиста и поздрава животна среда и подобро во конкретниот случај, подобро управување со отпадот во државата – изјави Бојан Трпевски-Здружение на млади правници.
Струшката депонија е еден од најгорливите еколошки и здравствени проблеми на стружани. Годишно загадува со над 40 илјади тони смет, а се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и Охридското Езеро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европскиот суд за човекови права ќе одлучува…
Европскиот суд за човекови права ќе одлучува…
Кандидат за градоначалник на Струга објави дека…
Независен кандидат за градоначалник на Струга на…
Обид за убиство во Струга – со…
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за…
Горејќи жици и душеци, предизвикале пожар –…
На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската…
Доктор од Струга пет години земал плата…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишниот…