Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ

t

Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ

Видно вознемирен од одлуката на ДИК независните кандидати да може да се кандидираат за градоначалници и советници со само два потписа од граѓаните, премиерот Мицкоски резигнирано коментираше дека ова ќе доведе до зголемување на бројот на кандидати и дека ќе го направи гласачкото ливче долго и збунувачко. За да биде уште поделикатно, на крајот додаде дека ако изборите биле неуспешни, Владата имала уставно и законско право да именува свои повереници во општините.
И така, додека премиерот ламентираше дека гласачкото ливче ќе станело 7 – 8 метри долго, на нас, докажаните домашни предавници, ни текна да провериме како поединечно гласале членовите на ДИК.

Кога, ете нова беља:

Неговите сопартијци не само што гласале ЗА, туку испадна дека одлуката, која Мицкоски толку ревносно ја критикува, била донесена на предлог токму од членот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Даштевски !!!

Сега веќе се поставува прашањето знае ли Мицкоски што се случува во неговата ВМРО-ДПМНЕ и дали воопшто партијата е “негова”? Знае ли дека има мнозинство во комисијата? И обратно, знаат ли во Белата палата дека нивниот претседател е против решението и одлуката на нивните членови во ДИК?!?

Загрижен сум дека одговорот ќе мора да го побараме многу подлабоко.

Самиот факт што фамозниот правилник, кои овозможува кандидатура со два потписи, е предложен од човекот кој од позиција на претседател на комисијата против дискриминација даде мислење дека Груевски, наводно, ќе нема фер судење во Македонија, го отвора прашањето дали Мицкоски е на власт во државата, но е опозиција во својата партија.
По се’ изгледа, стиропорецот од Будимпешта сѐ уште има силно влјание во палатата кој самиот ја изгради.

Пишува: Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски против ВМРО-ДПМНЕ Видно вознемирен од одлуката…

Македонските граѓани ќе патуваат по старите правила…

Правилата за патување во Европската Унија се…

Тетовчанка платила над 27.000 евра за операција…

МВР информира дека вчера попладне во 14:40…

Трагедија во Кичево: Две ученички загинаа во сообраќајна…

Кичево е потресено од трагична вест. Две…

Успешно изведена најсложена трансплантација на коска на…

Успешно изведена е најсложената трансплантација досега на…