Двајца повредени од трагедијата во Кочани сè уште се во тешка состојба
Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава.
-Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани сè уште се на болничко лекување, како во земјата така и во странство. Во странство, односно во Истанбул, моментално се лекуваат двајца повредени пациенти, од кои едниот е во завршна фаза на третман и наскоро се очекува негово враќање во земјава. Во домашните здравствени установи, едно лице е згрижено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека двајца пациенти се наоѓаат на болничко лекување во „Аџибадем Систина“, одговорија од Фондот за здравствено осигурување за ,,Фокус”.
Од овие пациенти, двајца се во тешка состојба.
-Од вкупниот број, двајца повредени се сè уште во тешка состојба, а нивниот општ здравствен статус внимателно се следи од медицинските тимови, додаваат од ФЗО.
Катастрофалниот пожар избувна два часа по полноќ на 16 март, за време на настапот на дуото ДНК во дискотеката „Пулс“. Во оваа трагедија, животот го загубија 62 лица, меѓу кои шест малолетници. Над 150 млади се здобија со тешки телесни повреди, додека 54 беа полесно повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…