Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности

t

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.

– Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца. Не случајно, посетители на бројните цркви и манастири, посветени на Богородица, не се само христијани, туку и припадници на други религии. И годинава, празникот Успение на Пресвета Богородица ќе го поминеме заедно со најблиските, се вели во честитката.

Во честитката, претседателката наведува дека очекува да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за…

Извршниот комитет на Движењето за силата на…

Семејно насилство: Татко крвнички го истепал 12-годишниот…

Татко од Крива Паланка бил насилен кон…