Вработен во МВР направил измени во системот за евиденција на работните часови за да добие повисока плата – поднесена е кривична пријава

t

Кривична пријава за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР на РСМ до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Ќ. вработен како самостоен инспектор-главен дежурен во ДОЦ во РЦ за ГР Исток, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ по член 251 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.

Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, во повеќе наврати неовластено влегувал во компјутерскиот систем кој се користи во работењето на Министерството за внатрешни работи до програмата за изработка на плати во МВР, со туѓо корисничко име, при што направил измени во системот за евиденција на работните часови и ги променил компјутерските податоци за остварени работни часови. Притоа додал невистинити податоци за исплата на платата кај самиот себе и врз основа на тие изменети податоци од страна на Министерството за внатрешни работи му се исплатени плати и придонеси за плата, со што пријавениот се стекнал со противправна имотна корист на штета на министерството.

Воедно, ОВККИПС против А.Ќ. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место, односно суспендирање до завршување на дисциплинската постапка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во МВР направил измени во системот…

Кривична пријава за сторено кривично дело „Оштетување…

По 25 години повторно ќе се отвора…

Од септември 2026 година се враќа средното…

Дачиќ тврди дека српското МВР не крие…

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ…

Приведен кумановец баран по потерница за доиздржување…

На 18.08.2025 во 20:45 часот, полициски службеници…

За подметнување пожари досега се приведени 39…

За подметнување пожари приведени досега 39 лица,…