Вучиќ: Го замолив Путин да ни понуди добра цена за поголема количина гас
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес во Пекинг имал отворен и важен разговор со рускиот претседател Владимир Путин и дека го замолил да ѝ обезбеди на Србија добра цена на гасот, поголеми количини и флексибилност.
„Имавме многу отворени, искрени и важни разговори со претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин и верувам дека ги отворивме сите теми од заеднички интерес. Темата за енергијата е од исклучително значење за нас во неколку насоки. Прво, ни требаат зголемени испораки на гас – ни треба суштински гас. Помали количини, кои се важни за нас, купуваме од Азербејџан, но најголемиот дел од гасот доаѓа од Руската Федерација“, изјави Вучиќ за новинарите по средбата со Путин.
Вучиќ потсети дека Србија работи заедно со Русија за проширување на капацитети за складирање во Банатски Двор.
„И ова се работи што одат добро. Исто така, ќе складираме дел од гасот во Унгарија за оваа зима, така што во деновите што се најтешки за нашата земја, кога се најстудени и кога се нуди најмалку електрична енергија, можеме да произведеме и повеќе електрична енергија со дополнителен гас за термоелектрани, топлани, т.е. гасни електрани, бидејќи покрај тоа што користиме гас само за индустријата и покрај тоа што користиме гас во домаќинствата, користиме гас и за гасни електрани, т.е. термоелектрани, топлани, со цел дополнително да ја зголемиме количината на произведена електрична енергија“, рече Вучиќ, нагласувајќи дека за сето ова на Србија и е потребна и флексибилност во набавката на гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Го замолив Путин да ни понуди…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денес…
Шукова со три итни мерки за Вардариште:…
Кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова,…
Ким Џонг Ун пристигна во Кина заедно…
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во…
Забраната за движење во шумите продолжува до…
Забраната за движење во шумите продолжува до…
(Видео) Блокади на булевари во Аеродром! Граѓаните…
Граѓани на Општина Аеродром денеска ја блокираа…