Центарот за социјални работи Делчево со најмногу неправилности во Источниот регион

t


Според најновиот извештај на Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштитата на деца, во текот на 2024 година во Источниот регион биле спроведени вкупно 44 инспекциски надзори, при што биле регистрирани 48 неправилности во работата на центрите за социјални работи.
Најзагрижувачки податоци доаѓаат од Центарот за социјални работи Делчево, каде биле извршени најмногу надзори – 12, и истовремено се регистрирани најмногу неправилности – 14, што укажува на сериозни проблеми во функционирањето на институцијата која треба да биде главен столб во заштитата на децата и социјално ранливите категории во општината.


Ист број на неправилности (14) биле утврдени и во Центарот за социјални работи Берово, но таму биле извршени 9 инспекциски надзори, што повторно покажува загрижувачка стапка на прекршувања.
Во Виница, каде биле спроведени 6 вонредни надзори, центарот се позиционира како прв по бројот на вонредни проверки, што пак отвора прашања за природа и сериозност на причините кои довеле до вонредно постапување. Во овој Центар се утврдени 8 неправилности.
Од друга страна, Центарот за социјални работи Кочани е на прво место по број на контролни надзори – вкупно четири, додека Центарот за социјални работи Штип се издвојува како единствена институција во регионот во која не се регистрирани неправилности, и покрај тоа што таму се извршени 6 надзори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Центарот за социјални работи Делчево со најмногу…

Според најновиот извештај на Секторот за инспекциски…

Центарот на Скопје ќе стане пешачка и…

„Време е на Скопје да му го…

Училиштата во Центар ќе се дезинфицираат пред…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска…

Поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска е…

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, во чиј…

Затворен за сообраќај магистралниот пат А3 Делчево…

АМСМ информира дека од 15:20 часот магистралниот…