Туристичка агенција од Кочани со понуда за бесплатен одмор за младите погодени во трагедијата во „Пулс“!

t

„Драги мои сограѓани од Кочани, ова е најмалку што можеме да дадеме за мојот град.

Мојата приказна ја имате слушнато, гласно ја раскажав пред многу години, без изгорена како бебе и цел живот се борев и психички и физички.

Милион операции поминав и искрено благодарам на господ што сум жива и сега можам да помогнам на други деца.

Ова го решивме со мојата мајка!!!!“ пишува на Фејсбук Марија Соколоска.

„Ние, долупотпишаните Весна Филипова, основач на туристичката агенција „Весна Турс“ Скопје и Марија Соколоска, донесовме заедничка одлука да организираме хуманитарна акција во корист на децата кои беа најпогодени од пожарот во Кочани.

Весна Филипова, како мајка и родител на Марија Соколоска, која во минатото исто така поминала низ слична трагедија со изгореници, длабоко се сочувствува со родителите на овие деца. Токму поради тоа, таа одлучи да придонесе со овој гест, знаејќи дека на децата по претрпениот шок и траума им е потребна надеж, поддршка и позитивни искуства кои ќе им помогнат психички полесно да го надминат тежокoт период.

Со таа цел, „Весна Турс“ обезбедува бесплатно сместување за 20 деца во Аспровалта и Неа Врасна Грција, во периодот 21.09.2025 – 28.09.2025.“ – пишува во објавата на Марија Соколоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејна трагедија во Словенија, дете паднало во…

Трагедија се случила во близина на водопадот…

Телма: Сопственикот на Пулс за неполн месец…

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското…

Денеска навршуваат 17 години од трагедијата на…

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…