Кремљ: Европа и Украина се обидуваат да ги привлечат САД во својата орбита
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека е подготвен за „втората фаза“ од санкционирањето на Русија поради војната во Украина, што веднаш предизвика реакција од Кремљ.
Кремљ изјави дека Европа и Украина се обидуваат да ги привлечат САД во својата орбита, но дека никакви санкции нема да ја принудат Русија да ја промени својата позиција.
Трамп, кој во последните недели покажува растечко незадоволство од Москва, не прецизираше детали за „втората фаза“ од санкциите, но потврди дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин. „Многу наскоро ќе го завршиме тоа. Ситуацијата меѓу Русија и Украина. Ќе го завршиме“, изјави Трамп.
Тој додаде дека не е воодушевен од последниот масовен руски напад во Киев и дека ќе се консултира со европски лидери за можни мировни решенија.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, потврди дека САД се подготвени да соработуваат со европските сојузници за зголемување на притисокот врз Русија, вклучително преку проширување на секундарните царини за увозот на руска нафта. Ваквите мерки би можеле да ја ослабат економијата на Москва и да го принудат Путин на преговори.
Иако Трамп досега не воведе значителни нови санкции по преземањето на функцијата во јануари, тој минатиот месец воведе секундарни царини врз Индија, еден од главните увозници на руска нафта. Индиските власти, сепак, изјавија дека тоа нема да го спречи нивниот увоз.
Трамп: „Подготвен сум да ја казнам Русија“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кремљ: Европа и Украина се обидуваат да…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека…
Косово доби беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“…
Беспилотни летала „AeroVironment RQ-20 Puma“, купени од…
Медведев: Русија повеќе нема да ѝ попушта…
Финските власти треба да бидат свесни дека…
Сијарто: Украинската власт е одгворна за влошувањето…
Односите меѓу Унгарија и Украина постојано се…
Амбасадата на САД и Рубио честитаат 34…
Честит ден на независноста! Urime Dita e…