Објавено на:

Франција буди страв од нова должничка криза во Еврозоната

t

На пазарите има сѐ поголема нервоза меѓу инвеститорите. Како што се очекуваше, францускиот премиер Франсоа Бајру го загуби гласањето за доверба во Националното собрание на Франција и мора да се повлече од функцијата. Причината за гласањето беше спорот околу неговите драстични планови за штедење.

По Мишел Барние, ова е втор премиер кој не успеа да ја реформира земјата. Сега, се наѕираат нови протести во стилот на Жолтите елеци.

Каматните стапки на француските државни обврзници брзо пораснаа уште пред гласањето. Приносот на 30-годишните обврзници минатата недела одеше и над 4,5 проценти, достигнувајќи со тоа 16-годишен максимум. Десетгодишните државни обврзници достигнаа врв со над 3,5 проценти – највисок принос од 2009 година.

Дури и ако со оглед на сегашната ситуација не може да зборува за паника, растечките каматни стапки укажуваат на растечка недоверба кај инвеститорите. Премиите за ризик на француските хартии од вредност растат, што за француската влада го прави сè поскапо собирањето пари на финансиските пазари.

Кај некои набљудувачи на пазарот и економисти веќе се будат сеќавања на должничката криза во Еврозоната што започна во 2010 година. Големата разлика е – додека тогаш тоа беше првенствено криза што ги погодуваше јужните земји од Еврозоната, овојпат работите се движат во сосема погрешна насока во земја во јадрото на ЕУ.

Фидел Мартин, претседател на француската консултантска фирма Exoé, зголемувањето на долгорочните француски каматни стапки го гледа како јасно предупредување. „Колку повеќе се зголемуваат приносите, толку е поголем долгот на владата“, истакнува тој.

И Екард Шулте, директор на компанијата за менаџериње средства MainSky Asset Management, нагласува: „Во Франција, ситуацијата со долгот експлодира, земјата сега има најмалку одржлив должнички тренд од сите земји што ги следиме – по САД и Италија“.

Долгот на француската влада е навистина огромен: Во апсолутни бројки, тој во првиот квартал од тековнава година изнесуваше 3,345 трилиони евра – ниедна друга земја во Еврозоната нема поголем долг од Франција.

Коефициентот на долг е исто така далеку над правилата за буџетот на Еврозоната: Во 2024 година, вкупниот државен долг изнесуваше 113 проценти од БДП. Во првиот квартал се искачи на 114,1 процент.

Предна и задна страна на француска евро-монетаПредна и задна страна на француска евро-монета
Ниедна друга земја во Еврозоната нема поголем долг од ФранцијаФотографија: picture-alliance/K. Ohlenschläger
Ова ја вбројува втората најголема економија во Еврозоната меѓу земјите со највисоки коефициенти на долг во Еврозоната. Поголем долг имаат само Италија (137,9 проценти) и Грција (152,5 проценти).

Земјата со тоа не ги исполнува критериумите од Мастрихт – минатата година, државниот дефицит беше 5,8 проценти од брутодомашниот производ (БДП).

Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се очекува коефициентот на долг на Франција да се зголеми на повеќе од 128 проценти до 2030 година. Но, дури и со прогнозата од 116 проценти долг за оваа година, Франција е веќе во истиот круг како и земјите погодени од должничката криза во Еврозоната.

За споредба: Германија во 2024 година имаше коефициент на долг од 62,5 проценти. Според прогнозата на Бундесбанката, се очекува коефициентот до 2027 година да се зголеми на околу 66 проценти.

Главните агенции за рејтинг ги следат сите овие случувања и се сè покритични кон Франција. Пролетоска, и „Фич“ и „Стандард и Пурс“ ги потврдија своите рејтинзи, но им дадоа негативна перспектива, што значи дека се заканува намалување на рејтингот.

„Фич“ тогаш првенствено го критикуваше високиот удел на издатоци на француската влада, кој изнесуваше повеќе од 57 проценти од БДП. Токму тука премиерот Бајру имаше намера да преземе драстични мерки со својот пакет мерки за штедење, намалувајќи го буџетот за 44 милијарди евра. Но, сега е малку веројатно дека тоа ќе се случи.

Следната проверка на рејтингот на Франција од страна на „Фич“ ќе се направи овој петок – само неколку дена по гласањето за доверба на Бајру. Намалувањето на рејтингот би ги разгорело повторно стравовите на берзите од должничка криза во Европа 2.0.

Тогаш, можеби ќе мора да дејствува и шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард: На крајот на краиштата, храбрата борбена објава на нејзиниот претходник Марио Драги го донесе пресвртот во должничката криза во Европа 1.0 и ги смири пазарите. Во јули 2012-тата, Драги рече:

„Во рамките на нашиот мандат, ЕЦБ е подготвена да направи сè што е потребно за да го зачува еврото. И верувајте ми, тоа ќе биде доволно.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција буди страв од нова должничка криза…

На пазарите има сѐ поголема нервоза меѓу…

Овој пат не падна од 7-ми: Руски…

Алексеј Синицин, извршен директор на компанијата за…

Се огласи Галетановски: Возилото е изгорено целосно,…

Претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи…

(Видео) Кос одговари на навредите на Вучиќ:…

Еврокомесарот Марта Кос остро реагираше на навредите…

Нема бесплатен влез во ЕУ, ќе треба…

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено…