Невреме во Хрватска: Поплави, одрони и прекинати траектни линии

t

Силните врнежи и екстремните количини дожд што ја зафатија Хрватска предизвикаа поплави, водени бујици и одрони на повеќе патишта во Горски котар и Хрватското приморје. Сообраќајот на овие делници се одвива отежнато, а коловозите во голем дел од земјата се мокри и лизгави.

Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни и катамарански линии: Дубровник–Коложеп–Лопуд–Суѓураѓ, Пула–Задар, Сплит–Хвар, Дубровник–Корчула–Хвар–Бол–Сплит, Мали Лошињ–Црес–Риека, Новалија–Раб–Риека, како и бродската линија Дубровник–Коложеп–Лопуд–Суѓураѓ.

На автопатот А1, меѓу јазлите Равча и Загвозд, се случи сообраќајна несреќа на коловозот во правец кон Загреб. Сообраќајот таму се одвива по две ленти со ограничување на брзината од 60 километри на час.

Зголемена густина на сообраќај е забележана и на А3 Брегана–Липовац, како и на А4 Гориќан–Загреб, особено во близина на Загреб.

Во текот на средата, екстремни количини врнежи се слеаја врз северниот Јадран, најмногу околу Учка, Риека и Кварнерското задгрбје, предизвикувајќи попладневни бујици. Навечер дождот се прошири и кон Далмација, каде што локално беа измерени повеќе од 70 литри врнежи на квадратен метар.

Невремето беше проследено и со силно јужно ветериште. Во Сплит во вечерните часови е измерен просек од 14 м/с со удари и до 80 км/ч, додека во Плоче југото урна дрво во близина на автобуската станица, при што интервенирале пожарникари.

Во Дубровник, пак, интензивен, но краткотраен пороен дожд предизвика нови краткотрајни поплави и водени бујици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невреме во Хрватска: Поплави, одрони и прекинати…

Силните врнежи и екстремните количини дожд што…

Обвинение за мајката од Хрватска која ја…

Окружниот суд во Загреб денеска го потврди…

Протест во Хрватска поради посетата на израелскиот…

Во вторникот, за време на посетата на…

Хрватска и Словенија потпишаа декларација за воена…

Хрватска и Словенија потпишаа денеска декларација за…

Милановиќ го повтори повикот до Владата на…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ го повтори повикот…