Случајот за Беланоца/Барон ќе падне поради незаконски прибавен доказен материјал?
Припадниците на групата Беланоца/Барон на денешното рочиште во судницата во Идризово се изјаснија дека не се виновни за делата кои им се ставаат на товар.
Гани Марку кој е обвинет за убиството на Орхан Бајрами Оки до судот и до Обвинителството достави телефонска комуникација преку која како што тврди, вицепремиерот Изет Меџити непосредно влијаел врз обвинителката Верица Бержетска Крстева да им се суди без докази.
Одбраната на обвинетите тврди дека единствените докази на Обвинителството се обезбедени преку посебни истражни мерки, односно нивните клиенти биле прислушувани во затворски ќелии додека извршувале казна за други кривични дела и додека разговарале меѓу себе. Одбраната тврди дека аудио записите се прибавени на незаконски начин.
Дел од разговорите кои се воделе во ќелиите меѓу обвинетите беа пуштени на минатото рочиште во воведниот говор на обвинителката.
Вкупно се гонат 9 лица, а меѓу нив е Акиф Равмановски, кој важи за лидер на Барон.
Логично се поставува и прашањето дали доколку прислушувањето било незаконски тоа ќе биде причина целосното обвинение да падне.
Доколку одбраната докаже дека доказниот материјал е прибавен на незаконски начин, истите материјали не можат да бидат користени во судската постапка, за што ќе треба да се утврди соодветна одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Случајот за Беланоца/Барон ќе падне поради незаконски…
Припадниците на групата Беланоца/Барон на денешното рочиште…
Скопјанец е единствен кој лежи затвор за…
37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот…
Обвинителството за Беланоца-Барон: Се декларираат за големи…
Со воведни зборови на Обвинителството, денеска, во…
Затворски полицаец се обидел да внесе дрога…
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел…
Затвореник од Идризово крадел во Куманово за…
На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од…