Пронајдени се 13 мигранти во близина на Валандово, криумчарот го напуштил возилото кое било во движење
Пронајдени се 13 лица мигранти во близина на Валандово, се преземаат мерки за пронаоѓање на криумчарот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава
На 12.09.2025 во 06:35 часот на регионален пат кај место викано „Раскрсница Богданци“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран забележале патничко возило „рено еспејс“ со германски национални ознаки кое се движело кон Валандово и во кое биле превезувани повеќе лица мигранти.
Возачот не застанал на знак за запирање и продолжил со движење, по што кај место викано „Валандовско брдо“ го напуштил возилото и го оставил да се движи при што возилото се превртело. На местото затекнати се 13 лица-мигранти, од кои 11 од Египет и две лица од Турција, кое не биле повредени. По извршена проверка констатирано е дека регистарските таблички на возилото припаѓале на друго возило. Мигранти се пренесени во Прифатно- транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени се 13 мигранти во близина на…
Пронајдени се 13 лица мигранти во близина…
Уганда ќе прима мигранти одбиени за азил…
Уганда постигна договор со САД за прифаќање…
Уапсена организирана криминална група за шверц на…
Голема организирана криминална група која шверцувала мигранти,…
Трамп со писмо до Османи – се…
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, доби писмо…
Брод со мигранти потона кај Јемен –…
Брод со околу 150 патници потона покрај…