Забрана за користење вода за пиење поради појава на мирис и вкус од непознато потекло во Неготино
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Неготино извести дека е воведена забрана за користење вода за пиење поради појава на мирис и вкус од непознато потекло.
Забраната се однесува на корисниците од улиците: „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“, „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и „Антигона“.
Во соработка со Центарот за јавно здравје Велес и надлежните институции, се земаат вонредни мостри за анализа, а екипи на терен работат на откривање и санирање на можниот дефект.
„Комуналец“ апелира граѓаните да не ја користат водата за варење ракија и за ладење на вулите, бидејќи постои ризик од создавање вакуум и повлекување загадена вода во мрежата. За прекршувања ќе следуваат санкции.
Од претпријатието најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана за секоја промена и уверуваат дека се преземаат сите мерки за што побрзо решавање на проблемот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…
Загубите на вода на национално ниво во…
Заматена водата за пиење во Кавадарци и…
Заматена е водата за пиење во Кавадарци…
Две измами во ист ден во Неготино…
Во две успешни измами извршени во ист…
Вчера шест обиди за измами со лажни…
На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени…