Жерновски за посетата на Муцунски во Вашингтон: Министер за надворешни работи се слика како насмеано среќно дете пред да влезе во “Дизниленд”
Ова е македонскиот министер за надворешни работи. Тажно, нели?
Да беше неискусен, ај и да разберам. Но се работи за единствениот од овој состав кој бил член и на владата на Груевски.
Оваа фотографија, која самиот ја постирал ,кажува колку е забегана работата.
Прво, јасен е недостатокот на елементарно чувство на емпатија и солидарност со граѓаните кои го дишат токсичниот чад од Вардариште, Дрисла, Трубарево… Веројатно пораката е: “Поздрав до сите што се гушите во загадениот воздух, јас си се снајдов и си долетав до Вашингтон на чист воздух. Ви благодарам, бидејќи вие ми го плативте патот до овде! Немате веќе пари бидејќи се’ е поскапено? Баш ми е жал.”
Второ, да најавиш започнување на работна посета во главниот град на САД со селфи како џогираш во тренерчиња, зборува за целосна напрофесионслност и дилетантизам.
Трето, да се одјавиш со зборовите “заедно”, а да се сликаш сам, без ниту една жива душа до и околу тебе, кажува дека проблемот треба да се бара подлабоко.
За жал, на ваков начин само продолжува урнисување на угледот и авторитетот на македонската дипломатија. Кога ова го гледаат и го читаат дипломати и амбасадори, можете и сами да заклучите кое мислење го имаат за нашата надворешна политика.
Пресериозни се предизвиците со кои се соочуваме за да се дозволат вакви недоветни објави,
И уште нешто. Малку е смешно во моментите кога премиерот ни зборува дека сме сериозно нападпаднати од разни странски центри на моќ, неговиот министер за надворешни работи да се слика како насмеано среќно дете пред да влезе во “Дизниленд”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски за посетата на Муцунски во Вашингтон:…
Ова е македонскиот министер за надворешни работи.…
(Видео) Кузеска: Нов скандал на Владата –…
Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не…
Која иронија! Претседателот на Управниот одбор на…
18 септември , 2025 Претседателот на Управниот…
ЛДП бара воведување електронска белезица за насилниците:…
Либерално-демократската партија предлага воведување електронска белезица за…
Кинеската железница скапо ја чини Србија
Досега, за секој километар железница од Нови…